Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонијаТОП ВЕСТИ

Довел во заблуда вработени во МВР дека се потпишуваат на пристапници за НСП, а не на во тоа време неформираниот Синдикат на полиција на Македонија – Кривична пријава за вработен во МВР

СВР Велес до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против О.К. (41) од Велес, вработен во СВР Велес, и Н.К. (46) од Битола, вработен во СВР Битола, поради основано сомнение дека првопријавениот е сторител на кривично дело „измама“, казниво по член 247 од КЗ на РСМ, кое го сторил на тој начин што со намера да се стекне со имотна корист, во време додека е уште член на Независниот синдикат на полиција на Македонија, довел во заблуда вработени во МВР дека се потпишуваат на пристапници за НСП, а не на во тоа време неформираниот Синдикат на полиција на Македонија, како и кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправа“, казниво по член 379 став 1 т.2, кое го сторил на тој начин што ги навел полициските службени лица да го стават својот потпис врз исправа со лажна содржина, која тој самиот ја составил, при што таквите исправи ги употребил за регистрирање на Синдикат на полиција на Македонија.

За второпријавениот Н.К., пак, поради „помагање“, по член 24 во извршување на кривичното дело „измама“, по член 247 од КЗ на РСМ и кривичното дело „посебни случаи на фалсификување исправа“ по член 379 став 1 т.2 од КЗ, поради тоа што иако знаел или морал да знае дека изработката на документација без да бидат извршени дејствата е забранета, му помогнал во изработката на фалсификатите на О.К. и спроведување на измамата. Бидејќи пријавенети лица се вработени во МВР, за целиот случај е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за натамошно постапување.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Едни ќе треба да штедат, други се пред големи потези кои ќе им донесат пари – Кои знаци ќе имаат финансиски придобивки во април?

Овен (21.03 – 19.04): Овој месец можеби ќе треба да донесете некои важни финансиски одлуки. Одвојте време внимателно да ги оцените вашите опции пред да направите големи инвестиции. Бик (20.04… Прочитај повеќе

Величковски: Вучиќ и Курти за две минути би решиле прашање како тоа за внесувањето на Бугарите во Уставот

Поранешниот пратеник Ивон Величковски, во интервју со Васко Ефтов изјави дека “ние денеска не можеме да разбереме дека со преговорите меѓу Србија и Косово во Охрид ни беше дадена можност… Прочитај повеќе

Продолжи кампањата „МВР за граѓаните“ – Преку партнерство меѓу полицијата и заедницата до зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење

Во текот на денешниот ден Министерството за внатрешни работи преку претставници од Македонскиот полициски синдикат и секторите за внатрешни работи со своите оддели за превенција продолжија со активности во врска… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе