19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Тасевска: ВМРО-ДПМНЕ и Панова да им се извинат на административците, кои ги нарекоа глувци

Пратеничката Ели Панова и ВМРО-ДПМНЕ треба да им се извинат на сите работници во јавната администрацијата за тоа што ги нарекоа глувци, побара пратеничката на СДСМ, Лидија Тасевска.

„Да ги навредувате вработените во администрацијата е навистина срамно. Од опозиција ВМРО-ДПМНЕ покажува што го мисли за нив, за работниците, за граѓаните. Нам ни е јасно дека за ВМРО-ДПМНЕ народот е само бројка за гласови, реклама за бројки и ништо друго“, рече Тасевска.

Пратеничката додаде дека Владата предводена од СДСМ води вистинска грижа за работниците и за сите вработни.

Претходно, Панова изјави: Разговараме за предлогот за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити. Поговорката вели – кога мачорот не е тука, глувците оро играат, е, сега, која е ползата да чуваш мачор ако глувците оро играат и кога тој е присутен. Еве, иста е ситуацијата и во оваа сала. Ако гледате дека и кога премиерот е присутен, замислете пратениците по цел ден ги нема. Каде се овие реформи во администрацијата, кои што толку долго ги најавувате.

Спонзорирано: