15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЕСМ и Ковачевски избраа бугарска компанија со двојно поскапа цена за гасот од берзанската, вели Мицкоски

Обезбедена беше компанијата, обезбедена беше и државата, но знаете кој не беше обезбеден, тој што чека провизии. Тука е проблемот. Ако беше обезбеден тој што чека провизии, јас ви гарантирам дека таа зделка ќе имаше завршница и затоа се откажа и се договори друга, со бугарска компанија, која, претпоставувам, дава двојно повисока цена од таа на берзите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при посетата на Гевгелија одговарајќи на новинарско прашање за прозивките за набавка на гас од страна на Васко Ковачевски.

„Ја добив таа информација дека тој вели оти преку контактите што јас ги обезбедив, понудата што била доставена била понуда во која не биле гарантирани количини. Јас не знам бидејќи не сум бил дел од тие преговори, но она што го знам е дека таа компанија, која јас ја понудив како една од контактите со која Васко Ковачевски и другите владини функционери комуницираа, достави понуда со цена пониска и од онаа што денеска ја купува ЕСМ“, истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека тогаш цената на берзите беше двапати повисока од денешната, дури на моменти и трипати, а цената што ја понуди таа компанија е пониска и од таа што денеска ја купува ЕСМ.

Исто така, знам дека гаранција за испораката подразбира и банкарска гаранција од тоа што како аванс требаше да биде исплатено од страна на ЕСМ. Но, бргу ќе им дојде крајот и на оваа власт и на ова раководство на ЕСМ, потоа следува одговорност, а граѓаните треба да ги знаат сите детали за уште една криминална набавка, која се поврзува со ЕСМ и Васко Ковачевски, рече Мицкоски.

Спонзорирано: