Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Шкријељ до ВМРО-ДПМНЕ: Вие тонете како партија, ви треба отрезнување

11 години со ВМРО-ДПМНЕ, поради вашиот криминал, не мрднавме ни во делот на она што значи членство во НАТО ни во делот на почнување преговори со ЕУ, порача пратеничката Санела Шкријељ во реплика на денешната собраниска седница.

„Токму затоа Владата предводена од СДСМ и коалициските партнери доведе до тоа да станеме членка на НАТО и токму затоа Владата предводена од СДСМ и коалициските партнери почнаа преговори со ЕУ“, порача Шкријељ.

Цитирајќи изјави на меѓународни претставници, но и сегашни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката истакна дека на ВМРО-ДПМНЕ ѝ треба отрезнување додавајќи дека пратеници од оваа партија злоупотребуваат деца и ги минуваат сите линии на цивилизирана политика.

„За жал, јас отрезнување во ВМРО-ДПМНЕ не гледам. Реалноста е дека токму оваа структура на ВМРО-ДПМНЕ и токму оној што на хартија ви стои како почесен претседател доведе до еден неславен рекорд, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ никогаш подолго да не била во опозиција. Тоа е јасен показател дека секојдневно тонете како партија, а за жал, однесувањето покажува дека тонете и како луѓе“, порача Шкријељ.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.