11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Митревски: ВМРО-ДПМНЕ да ги види објавите на Пазар 3 за продажба на бел коњ

Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ цело време зборува за Пазар 3, еве ги упатувам треба да ги провери објавите денеска за продажба на бел коњ, со овие зборови координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески им се обрати на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вечерва алудирајќи на победата на правната држава и пропадната желба на опозицијата да го врати Никола Груевски.

Цело време ВМРО-ДПМНЕ гласа се што значи развој за граѓаните и државата, додаде Митрески.

-ВМРО-ДПМНЕ смета што поголема штета дека ќе направи на државата и граѓаните тоа подобро за неа. Ова во Собрание намерно го прават за лекарите да не земаат плати, организираат протести и тоа се знае. На секој начин се обидуваат да создадат некаква криза, рече Митрески.

-Избегавте од секое значајно гласање. Лажно зборувавте за македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик а избегавте вчера кога се гласаше македонскиот јазик да биде официјален како јазиците на ЕУ. Заедно со вашиот колега Џамбаски организирате заеднички глупости во државата но прочитани сте, рече Митрески обраќајќи им се на пратениците од ВМОР-ДПМНЕ.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ се нервозни и и не знаат каде тераат, додаде Митрески.

-Логиката на опозицијата е невидена. Цело време критикуваат а сега велат нема да гласаат за тоа што критикувале. Добро е што се споменуваат и бројките, од 44 пријавени за говор се 37 опозициски пратеници и мислам дека треба да провери ВМРО-ДПМНЕ да не им недостасува некоја, рече Митрески.

Спонзорирано: