Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Маричиќ: Редно е случаите на висока корупција да добијат институционална завршница за да се врати довербата во судството

„Комплексен е случајот со аболицијата на Иванов, затоа беа внимателни и нашите судови и Судот во Стразбур. Не може да избегаме од одговорноста сами да ги решиме нашите проблеми и тоа е главната порака од решението. Редно е сите случаи на висока корупција да добијат институционална разврска, за јавноста да стекне доверба во правосудниот систем“ рече вицепремиерот и поранешен министер за правда, Бојан Маричиќ во „Вин-вин“ на Телма.

Тој додаде дека ова решение од Судот во Стразбур е шанса за судовите да ја подигнат ниската доверба која ја имаат кај граѓаните.

„Во два случаи одбраната на обвинетите ја истакнува аболицијата и таа е отфрлена и од првостепениот кривичен суд и од апелација“ рече Маричиќ.

Тој додаде дека аболициите се комплексен случај, бидејќи случаите за кои беа обвинетите аболицирани се произлезени од масовно кршење на човековите права преку откриеното прислушување.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +