Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Маричиќ: Опозицијата ја користи секоја прилика за да го испразни Собранието од содржина и суштина

„Опозицијата со ова што го прави, не пропушта прилика да го испразни Собранието од содржина и суштина. И пратничките прашања се такви, а и овие бескрајни дискусии кои немаат никаква поента и се повторуваат“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Вин-вин“ на Телма.

Тој додаде дека тие го повторуваат истиот говор цело време за да се купи време, да се наведе власта на непристојност и нервоза.

„Кога власта демонстрира мнозинство по некое прашање, а тоа уште првиот ден го покажавме со гласањето за дневен ред, нема поента сите 40 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да се пријават да зборваат за еден министер“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека после две и пол години блокирање од страна на ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали целосната блокада на Собранието е легитимна политичка стратегија.

„Дали тоа не ги одвраќа граѓаните активно да учествуваат во политичкиот живот и дали не ја убива желбата на граѓаните да следат, кога знаат дека 40 дискутанти ќе го кажат истото по истото прашање?“ запраша Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +

Министерство за транспорт: Во дијалог со Европската Комисија се операционализираат решенијата соодветно на барањата на македонските превозници

C +