15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
rpt
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Целта на реконструкцијата е стабилизирање на Владата за стабилизирање на државата

„Наша цел е стабилизирање на Владата и мнозинството. Зајакнување на Владата за да може да влеземе оваа година во реформи, стабилизација по тешките кризи кои траат една по друга веќе три години и обезбедување на еден блок за европска иднина, Европска Македонија, која ќе ги донесе реформите“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Вин-вин“ на Телма.

Тој додаде дека стабилното мнозиснтво исто така треба да го комплетира скринингот, да направи простор за понатамошната фаза од преговорите и да создаде услови за двотретинско мнозинство за уставните измени.

„За жал ВМРО-ДПМНЕ ја има затворено вратата за соработка веќе подолго време. Јас сум се обидувал да разговарам со нив за заживување на Националниот совет за евроинтеграции, да се отвори дијалог таму, каде што опозицијата има претседавач и може да ја наметне агендата и дискусијата. Имавме и лдиерска средба, каде се отворија теми и можности за соработка“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ги пропушти и шансите минатото лето да предложат и да ги дополнат заклучоците на државата наспроти францускиот предлог и Бугарија,а тие ги пропуштиле тие шанси, иако Владата не ја затвора вратата за разговор.

„Тие пет години одбиваат да бидат дел од решението“ рече Маричиќ.

Спонзорирано: