24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски: Коалициониот капацитет на СДСМ секогаш бил поголем од ВМРО-ДПМНЕ, тоа е клучното во реконструкцијата

Клучен во реконструкцијата е коалициониот капацитет, истакна министерот Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ Шења.

-И СДСМ и оваа Влада имаат голем коалиционен капацитет, тоа се покажува од моментот на формирањето до денеска, бидејќи принципите и граѓанскиот концепт ги отворија можностите и перспективите да се обединат повеќе луѓе околу овие идеи – да се остварат стратешките интереси, државата да биде за сите граѓани, да се намалат поделбите. Тој капацитет до ден денешен е поголем од ВМРО-ДПМНЕ, рече Спасовски.

Тој кажа дека опозицијата не ја кажува алтернативата за НАТО и ЕУ.

-Ние имаме кредибилитет да го нудиме тоа на граѓаните. Ова беше владината коалиција, поточно парламентарната коалција, која го оствари првиот национален интерес, а тоа е членството во НАТО. Велам парламентарна коалиција, бидејќи и тогаш требаше двотретинско мнозинство за кое се потребни сите прогресивни сили. Нашиот приоритет за започнување на преговори за членство беше исто така како резултат на оваа Владата, истакна Спасовски.

Министерот истакна дека до 2008 година постоела енормно силна поддршка и консензус за НАТО и ЕУ.

-Како започна владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и тој режим, со рушењето на човековите права и непреземањето на ниту еден чекор на нашите приоритети така почна да се зголемува евроскептицизмот, заклучи Спасовски.