Centar.mk
ЛОКАЛНО

ВО ТЕКОТ НА ЕДНА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ 224 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Скопје, 13 февруари 2023 – ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 224 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 06.02.01. до 12.02.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 122 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 102 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

Можеби ќе ве интересира

КРАВИТЕ СТИГНАЛЕ И ДО УЧИЛИШНИОТ ДВОР – Крива Паланка поднесе кривични пријави против службени лица

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – започна реконструкцијата на крак 38 на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Шуто Оризари

ДЕСК

КОНЕЧНО ДОБРА ВЕСТ ЗА ШТИП – Саниран и вториот голем дефект, водата постепено се враќа во домовите

ДЕСК