21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИС

Само еден македонски претставник на Меѓународната конференција за е-трговија и дигитален маркетинг 2023

Пакет.мк е единствениот претставник од Македонија на Меѓународната конференција за е-трговија и дигитален маркетинг 2023, во Солун, Грција. Оваа конференција е најголемиот настан за е-трговија во овој дел од Европа и на истата се отворија сите важни теми и прашања поврзани со е-трговијата. Се дискутираше за платформи, дигитален маркетинг, дигитални плаќања, логистика и најактуелниот тренд на меѓународно ниво – пазарите.

Драган Јосифовски, основач и извршен директор на Пакет.мк, најголемата платформа за онлајн купување и интернет супермаркет во земјава, говореше на темата „Автоматизација како поставувач на нови стандарди: Како Пакет.мк стана лидер во е-трговијата во Северна Македонија“ со осврт на иновативните веб технологии и системи за исполнување што го унапредија работењето на оваа платформа.

„Живееме реалност што постојано се менува и тие промени мора да се следат ако сакаме да одговориме на потребите на потрошувачите. Всушност хипер-брзата експанзија и широката примена на овој начин на работа е само резултат на потребите на потрошувачот, додека пак технологијата и автоматизацијата ни овозможуваат значително да го подобриме корисничкото искуство. Растот и денешната позиција на пазарот на Пакет.мк го потврди ова и го трасира патот кон каде понатаму ќе се надградува платформата“, вели Јосифовски.

Пакет.мк е основана во 2018 година како стартап компанија и набрзо израсна во еден од водечките бизниси за е-трговија во земјата. Денеска Пакет.мк има најраспространета и најдостапна мрежа и наскоро најавува покриеност на цела Македонија.

Спонзорирано: