11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Османи во Молдавија посети организација која им помага на бегалците

Претседавачот со ОБСЕ Бујар Османи денес и утре престојува во Молдавија, каде во рамки на неговата агенда е предвидена посета на Мисијата на ОБСЕ во Молдавија, но и повеќе средби со политички лидери и организации.

Така денеска, тој беше во посета и на невладината организација „Молдавија за мир“, која е поддржана од ОБСЕ и чија цел е директна помош и поддршка на бегалците погодени од воената агресија врз Украина. Младите волонтери од Молдавија и Украина кои се дел од оваа организација секојдневно им помагаат на луѓето на терен преку обезбедување пакети со основни намирници за бегалците, управување со нивната миграција од соседната земја итн.

Османи го поздрави овој проект, за кој, како што рече, не само што дава конкретна помош за бегалците, туку претставува и можност за личен развој на младите, нивна социјализација и создавање вистински вредности и навики кај младите луѓе.

Изразувајќи благодарност за нивната напорна работа, Османи рече дека посветеноста и страста со која работат волонтерите се вистинска инспирација и дека ОБСЕ ќе продолжи да вложува во ваквите проекти кои нудат директна и опиплива корист за загрозените од војната.

Инаку мотото на претседавањето на нашата земја со ОБСЕ е „За луѓето се работи“, со силен фокус на теренските мисии и директната поддршка на луѓето на терен, па оваа посета на невладината организација „Молдавија за мир“ е произлезена токму од приоритетите на Претседателството на Северна Македонија.

Спонзорирано: