12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бујар Османи утре на средба со Претседателката Маја Санду и државниот врв на Молдавија

За време на вториот ден од посетата на Молдавија, Преседавачот Османи ќе биде примен од Претседателот на Република Молдавија – Маја Санду, а ќе има состанок и со неговиот домаќин Заменик премиерот и министер за надворешни работи и европска интеграција на оваа земја – Нику Попеску, како и со заменик претседателот на владата и министер за реинтеграција Олег Серебриан. Османи ќе има средби и со авторитетите на Транснистрија – Владимир Красноселски и нивниот главен преговарач Виталиј Игнатиев.
Оие средби доаѓаат во исклучително бурно време за Молдавија а само еден ден откако Претседателката Санду ја обвини Русија дека планира насилно да го сруши молдавското раководство со помош на саботери кои тврдат дека се антивладини демонстранти.
Ваквите нејзини обвинувања кон Москва доаѓаат во период кога Молдавија се соочува со многубројни антивоени протести чиј организатор е олигархот Илан Шор. Османи во текот на денот ќе има прес конференција во живо од Кишињев.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +