Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+CentarМакедонијаТОП ВЕСТИ

Забрчанец за Канал 77: Економиите на трите држави од Отворен Балкан го чекаат последното ДА од македонскиот парламент

За активирање на економската мерка со која ќе се овозможи слободно движење на пазарот на трудот, слободно движење на луѓе и услуги во бизнис секторот, потребно е уште да се помине филтерот на пратениците, кажа Марјан Забрчанец координатор за Слободен Балкан, во денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77.

„Оваа мерка се однесува на бизнис секторот, приватните компании, не за државниот сектор. Тоа значи дека ако до сега за да одредени граѓани на Албанија или Србија работат во нашата земја, треба да аплицираат, да подготвуваат и поднесуваат документи, да бараат работна дозвола, да чекаат да поминат еден куп бирократски и административни мерки и обратно и од нашата земја ако некој сака да работи онлајн за албанска или српска компанија а притоа таму да добива плата и таму да биде пријавен пензиско и здравствено, повторно мора да минува по истите постапки. Сега со оваа мерка нема да има потреба од вадење на работни дозволи. Преку софтверите на Агенцијата за вработување (постои софтвер позадински), тие се веќе вмрежени меѓу трите земји, се вади идентификациски број на секој граѓанин од Отворен Балкан. Со тоа бројче фактички ве препознаваат системите на трите земји и веднаш можете да стапите во работен однос, се разбира ако ве ангажира некоја компанија,“ образложи Забрчанец.

Оваа мерка е возможна како резултат на потпишаните два меѓународни договори меѓу две држави. Едниот договор се однесува на пазарот на трудот а другиот околу идентификацискиот број.

„ Кај нас за да стане правосилен тој договор треба да биде ратификуван во Собранието. Имаше извесно кочење и блокирање од страна на опозицијата, конкретно од Комисијата за надворешни работи, меѓутоа таа пречка е надмината и сега тој договор е стигнат на Пленарна седница и се очекува час поскоро сите 120 пратеници, кога ќе дојде точката на ред, да гласаат со „да“ ,“ вели Забрчанец.

Додава дека веќе е потпишан и договор за меѓусебно признавање на дипломите меѓу трите земји од Отворен Балкан, а таков договор за признавање е потпишан и меѓу земјите од Западен Балкан.

Потпишан е и договорот за Фондот за филм, кој ќе значи вмрежување на копродукциите на Албанија, Македонија и Србија и заедничко аплицирање до ЕУ Фондовите. Влезот на Косово во Отворен Балкан, Забрчанец смета дека ќе зависи од решавањето на ситуацијата меѓу Србија и Косово, додека Црна Гора веќе е на чекор до приклучување, зошто бизнисот тоа веќе го бара.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Едни ќе треба да штедат, други се пред големи потези кои ќе им донесат пари – Кои знаци ќе имаат финансиски придобивки во април?

Овен (21.03 – 19.04): Овој месец можеби ќе треба да донесете некои важни финансиски одлуки. Одвојте време внимателно да ги оцените вашите опции пред да направите големи инвестиции. Бик (20.04… Прочитај повеќе

Величковски: Вучиќ и Курти за две минути би решиле прашање како тоа за внесувањето на Бугарите во Уставот

Поранешниот пратеник Ивон Величковски, во интервју со Васко Ефтов изјави дека “ние денеска не можеме да разбереме дека со преговорите меѓу Србија и Косово во Охрид ни беше дадена можност… Прочитај повеќе

Продолжи кампањата „МВР за граѓаните“ – Преку партнерство меѓу полицијата и заедницата до зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење

Во текот на денешниот ден Министерството за внатрешни работи преку претставници од Македонскиот полициски синдикат и секторите за внатрешни работи со своите оддели за превенција продолжија со активности во врска… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе