18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

106 санкционирани возачи на територијата на СВР Струмица

Денеска (11.02.2023) во периодот од 11.00 до 16.00 часот Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при одделот за униформирана полиција спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Струмица за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 106 возачи, од кои 37 за возење без возачка дозвола, 17 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), 6 кон возачи кои вршат јавен превоз на патници, 7 барања за поведување прекршочна постапка за правни лица, 4 за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки и 4 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски тврди дека очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредни парламентарни избори

ДЕСК

НОВИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Утре невреме, од среда до петок пеколни температури, а викендот голема промена и значителен пад на температурите

ДЕСК

Смачкан автомобил по директен судир со камион – Нова страотна сообраќајка на југозападот од Македонија

ДЕСК