Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Пендиков добива сместување, лично обезбедување и државјанство, засега останува во Бугарија

Христијан Пендиков ќе добие бугарско државјанство, соопшти денеска бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков.

Рече дека Министерството за надворешни работи ќе му обезбеди привремено сместување додека престојува во Бугарија.

„Тој е загрижен за својот живот доколку се врати во Северна Македонија, па затоа се размислува и за назначување обезбедување“, вели бугарскиот министер,

Милков коментира дека и покрај напорите за затоплување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, досега нема успех. Рече дека треба да се одржат консултации, на кои ќе бидат ставени спорните прашања меѓу двете страни.

„Обидите за надградба, обидите за смирување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, всушност, беа поткопани со одредени конкретни постапки на властите во Скопје. Ова, се разбира, означува нова, уште пониска точка во нашите односи“, истакна министерот.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕА, ФОТО) СПОРЕДБА: ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ И ДЕНЕС – Дали Преспанското има шанси да се врати?

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО -10 СТЕПЕНИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Хорор во Македонија: Силувано и уценувано малолетно девојче, а потоа едниот и барал 20.000 евра за да не се објават ексциплитни фотографии

ДЕСК