Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски – Липавски: ЕУ да го задржи фокусот кон регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Јан Липавски, министер за надворешни работи на Чешката Република, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупните односи меѓу двете држави, кои се пријателски, со интензивен политички дијалог на високо ниво.

Во однос на аспирациите за членство во Европската Унија, Пендаровски се заблагодари за постојаната чешка поддршка во однос на политиката на проширување и во тој контекст беа разменети мислења за текот на билатералниот скрининг со ЕУ.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во регионот на Западен Балкан, при што Пендаровски истакна дека стабилноста и безбедноста на регионот, како и неговиот демократски развој, се потпираат на европската перспектива и во таа насока посочи на потребата ЕУ да го задржи фокусот кон регионот.

Двајцата разговараа и за состојбата во Украина, партнерскиот одговор на НАТО-сојузниците, како и активностите на македонското претседателство со ОБСЕ во тој контекст.

Можеби ќе ве интересира

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК

ПРИЗНА ВИНА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛАТА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА – Се чека проценка на штетата

ДЕСК

ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА ИЗБОРНИОТ МОЛК ВО БРВЕНИЦА – Во недела втор круг од гласањето

ДЕСК