Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Едно лице притворено за обид за убиство во Карпош

На 06.02.2023 во 09.10 часот на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Г.(28) од Скопје. За него била распишана централна потерница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, извршено на 21.08.2022 на подрачјето на Карпош, каде со огнено оружје му нанел повреда на Б.Ѓ.(44) од Скопје.

Од страна на Судија на претходна постапка му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена и бил предаден на надлежната казнено – поправна установа.

Можеби ќе ве интересира

ВО НОЕМВРИ ПОВТОРНО ДО 23 СТЕПЕНИ – УХМР најавува затоплување, дожд и силен јужен ветер

ДЕСК

НАД 20 ПРИВЕДЕНИ ВО ГОЛЕМА НОЌНА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ – Затекнати седум малолетници со алкохол, откриени и сообраќајни прекршоци

ДЕСК

62 ЗАГИНАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА ЗА ОСУМ МЕСЕЦИ – Денес се одбележува Светскиот ден на жртвите од сообраќајни несреќи

ДЕСК