Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Нови детали за утринската трагедија на автопатот Штип-Миладиновци: Познат идентитетот на починатиот

На 06.02.2023 околу 05.35 часот во СВР Штип било пријавено дека кај клучка со автопат Штип-Миладиновци, во близина на населба Три Чешми – Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.К.(36) од Гевгелија и товарно возило „ман“ со косовски национални ознаки, управувано од О.Б.(26) од с.Блаце, скопско.

На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот на патничкото возило, а смрт констатирал лекар. Додека, возачот на товарното возило се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид извршила екипа од СВР Штип.

Можеби ќе ве интересира

Отсјај од рефлектори на небото над Битола направи паника, отвори дилеми и шекулации на социјалните мрежи

ДЕСК

ШОК ВО СКОПЈЕ: Како закочил автобус со неисправни сопирачки, а бил полн со 85 деца, 37 над дозволеното!?

ДЕСК

ХАОС СО ВРЕМЕТО: Од кочан ладно време веднаш доаѓаат температури и до 25°C – Метеоролозите со повеќедневна прогноза

ДЕСК