21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) 727 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (05.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 727 возачи. Од нив 49 возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 369 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 358 надвор од населено место.

Засилените сообраќајните контроли продолжуваат во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Спонзорирано: