Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Институциите во Македонија покажаа одговорност, МВР беше професионална – Радикалите во Македонија и Бугарија поразени во обидот да предизвикаат инциденти на чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев

Смиреноста, одмереноста и државничкиот однос на Претседателот, премиерот, Владата и поголем дел од партиите придонесоа спречување на инциденти.

По денешниот ден кој помина без инциденти, може да се каже дека институциите на Македонија покажаа одговорност околу активностите за време на чествувањаето на Гоце Делчев.

Македонската полиција изминативе неколку дена беше на висина на задачата. Полициските службеници се однесуваа професионално и смирувачки со цел да се зачува целокупната безбедност за време на настанот, имајќи го во предвид чудното подгревање на тензиите изминатите неколку месеци.

Македонија не подлегна на национализмот и радикализмот. Радикалите во Македонија и Бугарија не добиваат на масовна поддршка, но нивната цел преку организирани групи од по неколку луѓе да направат инциденти, координирано или не, тотално пропадна.

Се на се’, Гоце Делчев треба да е горд, неговата држава испорача заштита на неговиот идеал.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК