Centar.mk
ЛОКАЛНО

Општина Илинден изврши замена на старите вакуум пумпи во пумпната станица Јурумлери

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод” од Илинден, Ивица Трипуновски денеска направија увид во пумпната станица Јурумлери, каде беа заменети старите вакуум пумпи за гасно хлорирање на водата во оваа пумпната станица.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски, старите дотраени пумпи беа заменети со нови енергетско ефикасни, со кои се постигна поголем квалитет во водоснабдувањето. Беше заменета целокупната опрема за хлорирање и реновирање на хлорната станица.

Со поставување на новите пумпи се создадоа услови за комплетно поврзување на сите извори на вода во пумпната станица Јурумлери со системот за дезинфекција на водата со гасен хлор.

Замената на старите и дотраени пумпи е во рамки на проектот ,,Модернизирање и проширување на водоводниот систем” со цел обезбедување на стабилен и оптимален проток на чиста, квалитетна и здрава вода за пиење за сите жители.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

C +

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК