Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Северна Македонија продолжува да напредува на Индексот на демократија на Економист

Северна Македонија го зацврстува напредокот на Индексот на демократија на Економист и оваа година. Земјава напредува за една позиција и има резултат од 6,1, што е покачување за речиси цел поен во однос на 2016 година.

Во извештајот на Економист се наведува дека земјава, заедно со Молдавија и Црна Гора го консолидира напредокот истакнат минатата година, а се наведува дека напредокот на Северна Македонија се должи пред се поради напредокот во граѓанските слободи.

Овогодинешниот резултат од 6,1 е напредок од речиси цел поен во споредба со 2016 година, пред промената на власта, кога резултатот кој земјава го доби беше 5.23 и беше оценета како хибриден режим.

Описот од хибриден режим сега е заменет со „демократија со недостатоци“. Заедно со Северна Македонија во категоријата на демократии со недостатоци има уште 16 држави од ЕУ, а тука се наоѓаат и Соединетите Американски Држави.

Спонзорирано: