12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Неспособни расипници, ВМРО-ДПМНЕ прави 16 милиони евра долг во 4 општини

„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ за речиси година и половина прави долг од над 16 милиони евра, во четири општини. Гази Баба ќе се задолжува со пет милиони, Аеродром со 5.4 милиони евра, Прилеп со пет милиони евра и општина Бутел со два милиони евра“ соопштуваат од владејачката СДСМ.

Оттаму посочуваат „градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа како неспособни расипници, кои задолжуваат богати и финансиски стабилни општини, за да ги трошат парите на партиски вработувања и непродуктивни торшоци“.

„Граѓаните им дадода доверба да ги решаваат нивните проблеми и да ги реализираат ветените проекти, а добиваат поскапи комунални услуги и долгови коишто ќе ги отпалаќаат со години. ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски донесоа хаос во општините. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната и најнеуспешна локална власт досега“ – се вели во соопштението.