Centar.mk
ЛОКАЛНО

Без Вода дел од Центар и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ги известува граѓаните дека денеска, поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов бб, од 9 часот до завршување со работните активности прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од улицата Аминта Трети до улицата Костурски херои (вклучително Клубот на пратениците и амбулантата „Идадија“), како и делови од улиците: Коле Неделковски, Златко Шнајдер и Шумадиска (општина Центар).

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа на улицата Скупи бб, од 9 часот до завршување со работните активности прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улицата Скупи, Момин Поток и местото наречено Криви Дол (општина Карпош).

Можеби ќе ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК

ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ: Авионска дезинсекција на 1 и 2 јуни

ДЕСК