Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Од утре снег, па студ – Метеоцентар со детална прогноза

Утре попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи кои ќе бидат претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Во петок во текот на денот ќе има преодно стабилизирање на времето, а во сабота повторно ќе има повремени врнежи претежно од снег. Потоа во следните денови ќе се задржи студено време со ниски утрински и дневни температури, а за време на викендот ќе дува и засилен северен ветер.

Прогноза за 03.02.2023
Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 2°C до 9°C

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне со локален слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 04.02.2023
Минимална температура: -6°C до 0°C
Максимална температура: 0°C до 9°C

Променливо облачно со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 05.02.2023
Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: -1°C до 7°C

Претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК