Centar.mk
maricic
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ со убава вест за граѓаните: Европската комисија одобри 53.015.968 евра за Северна Македонија, за три нови проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан

Фејсбук статус на Бојан Маричиќ:

Денес добив одлична вест од Брисел која веднаш ја споделувам со вас, граѓаните.

🇲🇰🇪🇺 Европската комисија одобри 53.015.968 евра за Северна Македонија, за три нови проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и тоа:

– Реновирање на шест хидроцентрали;

– Изградба на ветерен парк во Богданци;

– Изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, Југо-западен и Југо-источен регион, во соработка со Европската банка за обнова и развој.

🇲🇰🇪🇺 Европските фондови и странската донаторска помош е огромна значење на енергетската независност и за заштита на животната средина, две области кои носат сериозно подобрување на квалитетот на живот за македонските граѓани.
🇲🇰🇪🇺 Како Национален ИПА координатор потенцирам дека ова е помош за државата да ги изведе реформите и побрзо и полесно да ги достигне европските стандарди, преку подобрување на животната средина и подобрување на инфраструктурата.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК