Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Костадинов: Да работиме на постигнување на стратешките цели без калкулантство!

Работна група од СДСМ ќе го води процесот на преговарање со Алијанса за Албанците, вели потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во гостувањето во ТВ24. Тој потсети на изјавите на претседателите на двете партии, Димитар Ковачевски и Арбен Таравари дека дискутирале за европската перспектива на земјата.

-Кога ќе имаме деталите, партиските органи повторно ќе разговараат. Во ниту еден момент тоа не ја исклучува Алтернатива или било која партија. Се формираше тимот кој треба да преговара, но во ниту еден момент не е ставено под знак прашалник членството на Алтернатива во Владата, тоа не е наша идеја и заложба, рече Костадинов.

Тој додаде дека „еднаш засекогаш треба исклучиво да се работи на постигнување на стратешките цели без калкулантство и други интереси да ни го земат приматот“.

-Ќе има серија на разговори во наредниот период, но нашата порака е дека сите кои веруваме во патот за кој немаме алтернатива и е стратешка цел на државата мораме да го негуваме и како функционери треба да понудиме сегашност, но и иднина за нашето население, истакна Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК