Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тренчевска: Работниците се наш приоритет, ги зголемуваме платите и подобруваме условите за работа

„Изминатата 2022 година ја започнавме со имплементација на новото законско решение недела неработен ден. Тие кои поради природата на работата, работеа и во недела добиваа за 50 отсто повисока дневница во производството и 100 отсто повисока дневница во трговијата“ рече министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Таа додаде дека овој закон наишол на позитивни реакции кај работници и додаде дека освен подобрување на условите, Владата изминатата година работеше и на подобрување на платите на работниците.

„Ги донесовме измените на Законот за минимална плата со што ја покачивме на 18 илјади денари, илли двојно повеќе од 2016 година. Воспоставивме систем што ќе значи постојан раст на минималната плата и таа нема веќе да зависи од политичката волја на Владата или министерот“ рече Тренчевска.

Министерката рече дека со новиот систем во март се очекува ново зголемување на минималната плата за над 2000 денари со што таа ќе изнесува над 20 илјади денари.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК