Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Шаќири: Во 2023 година ги градиме ФИНКИ и Универзитетот „Мајка Тереза“

Секоја област има своја тежина и важност, но во истовреме се соочуваме со проблеми и предизвици, кажа министерот за образование Јетон Шаќири на годишната конференција „Година за нови можности“. Тој кажа дека предизвиците поризлегуваат од фактот што образованието е специфична област, жива материја, на која треба да се прилагодиме поради развојот и сите достигнувања и меѓународни стандарди.

-Треба да се прилагодиме и на негативните појави во образованието, како политичките влијанија. Постоеја предизвици во образовниот процес, најпрвин пандемијата, а потоа разговорите со синдикатите, како и последните сајбер напади. Од овие предизвици утврдивме приоритети,
а како најважен е работата со новите образовни програми, тие се во согласност со реформите во основното образование, реформи која е во тек, а приоритет е и Законот за средно образование, односно стручно образование. Со цел реформата да се реализира, иако бевме во криза, ги мотивиравме многу наставниците и професорите. Тука беше покачувањето на платата, предвидовме и бројни обуки преку Бирото за развој на образованието, кои се важни за наставниот кадар, рече Шаќири.

Според министерот, со концептот на инклузивност, сите се опфатени во образовниот процес.

-Приоритет беа и капиталните инвестиции. Како МОН имаме висок процент на реализација. Има три нови основни училишта, продолжува работењето сега на три други училишни згради, реконструирани беа голем број училишта, а во најава се 30 други. Превидено е и зголемување на процентот за инфраструктурата за високото образование, како за универзитетот „Мајка Тереза“, така и ФИНКИ, рече Шаќири.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +