Centar.mk
илустративна фотографија генерирана со вештачка интилегенција за потребите на Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Македонија во неверување: Почина Владо Јаневски, еден од најголемите поп изведувачи

Македонската музичка јавност вечерва ја потресе веста дека, според медиумски објави, починал познатиот пејач и кантавтор Владо Јаневски. Тој имал 66 години, а информациите наведуваат дека смртта настапила по кратко боледување.

Јаневски важеше за еден од најпрепознатливите гласови на македонската поп-сцена. Неговите песни, балади и рефрени со децении беа дел од музичката меморија на повеќе генерации, оставајќи силен белег во домашната музика.