Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

МАКЕДОНИЈА ПРЕД ВРЕМЕНСКИ ШОК: Жештината не попушта, а потоа доаѓа циклон

Под влијание на топла воздушна маса од југ до вторник времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C.

Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Под влијание на циклонска активност од вторник од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Од среда се очекува мал пад на дневната температура и локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, кој од четврток ќе биде поизразен долж Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 km/h.

Прогноза за 30.06.2026
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 39°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Прогноза за 01.07.2026
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Прогноза за 02.07.2026
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 29°C до 37°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.