Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, седуммина ( по двајца во Скопје, Росоман и Куманово и еден во кавадаречко) управувале возило без возачка дозвола.
Поради возење под дејство на алкохол лишени од слобода се петмина возачи ( во Кавадарци, Свети Николе, Неготино, Гевгелија и на автопатот Велес-Градско), а двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.


