Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМА

Ковачевски: Влада се посвети на приоритетите во земјоделството, 2023 година ја започнуваме без заостанати обврски кон земјоделците

„За прв пат од независноста на државата, оваа Влада се посвети и на приоритетите во земјоделството, за да осигуриме домашно производство на храна. За таа цел донесовме Национален план за производство на храна, со којшто ги поттикнуваме земјоделците да ја употребуваат секоја педа обработливо земјиште. Ова се покажа како вистинска одлука, затоа што веќе имаме зголемени површини за производство на пченица од 15.000 хектари“ рече премиерот Димитар Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека заедно со земјоделците, Владата креираше и нов модел на субвенционирање со кој се насочуваат земјоделците кои култури да ги произведуваат, според потребите на државата.

„Во 2022 година, успеавме комплетно да ги расчистиме сите заостанати обврски кон земјоделците, со што, за прв пат, оваа 2023 година, државата ја започнува без заостанати обврски кон земјоделците“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче да му пренесе на Радев, без гаранции и без испорака од Бугарија, уставни измени нема да има

ДЕСК