19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: Северна Македонија им гарантира и овозможува на сите граѓани непречено да ги остваруваат своите права

„Северна Македонија им гарантира и им овозможува на сите народи и сите граѓани кои живеат на ова тло и кои ја сметаат земјава за дом, непречено да си ги остварат своите права. И тоа сме го покажале и докажале на дело многу пати досега. Ние сме горди на наше мултикултурно општество, горди сме што сме Европа во мало. Така било, така е, така и ќе биде“ рече премиерот Димитар Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека во нашата држава живеат рамноправно граѓани од различни етнички заедници со коишто успешно градиме Едно општество за сите и тоа не прави дополнително посебни и пример за соживот.

Ковачевски рече дека во Бугарија се подготвуваат за нови парламентарни избори и поединци преку националистичка и популистичка реторика се обидуваат да добијат видливост и гласност.

„Има веројатно и обиди да се наштети, не само на билатералните односи, туку и на единството во Европа, на кое што посебно упати војната во Украина, а кое што треба да се обезбеди преку натамошното проширување на Унијата. Затоа, сите ќе си ја гледаме својата работа. Наша работа е да ги штитиме националниот идентитет, стабилноста и безбедноста на државата и да го овозможиме напредокот“ рече Ковачевски.

Спонзорирано: