Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Извршната власт направи се што зависи од неа за ефикасно судство, секој да испорача резултати

„Во рамки на заложбите, како извршна власт, направивме сè што зависи од нас за ефикасно правосудство, по донесените закони – и 5 основни судови, конкретно во: Кавадарци, Струмица, Штип и Кривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје се опремени со современа ИКТ опрема, како дел од планот за дигитализација во правосудството“ рече премиерот Димитар Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека од ноември минатата година во функција е и најголемата дигитална судница во државата, во Идризово.

„Во услови кога сите погледи се насочени кон борбата со криминалот и корупцијата како предизвик во национални и регионални рамки, стеснет е просторот за изговори кога станува збор за ефикасното и професионално постапување на надлежните органи. И секој има обврска да испорача резултати за тоа за што е платен од граѓаните“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК