Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Камен ладно време и конечно повеќе снег – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

И во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула. Утре локално ќе има слаби врнежи од снег и ќе дува засилен северен ветер. Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а од четврток попладне повторно се очекуваат локални врнежи претежно од снег.

Прогноза за 01.02.2023
Минимална температура: -8°C до 0°C
Максимална температура: 3°C до 11°C

Сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 02.02.2023
Минимална температура: -6°C до -1°C
Максимална температура: 3°C до 11°C

Умерено до значително облачно, кон крајот на денот со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Прогноза за 03.02.2023
Минимална температура: -4°C до 1°C
Максимална температура: 0°C до 8°C

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК