13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Николоски за „Детектор“: Мерките даваат резултат, инфлацијата се намалува по пикот во октомври

Среде криза Владата успеа да ги покачи минималната плата и пензиите, кажа заменикот министер за финансии Филип Николоски, во гостувањето во „Детектор“.

-Се воспостави систем за долгорочно зголемување на минималната плата. Таа ќе се зголеми за над 12 проценти од март и ќе изнесува над 20 илјади денари. Во меѓувреме регистириравме и просечна плата повисока од 33 илјади денари. Постои и методологија со која ќе растат и пензиите, кажа Николоски.

Тој додаде дека Владата успеа и во намерата за намалување на цените на основните прехранбени продукти.

-Знаеме и не смееме да бидеме нереални дека некои цени на прехранбените прозиводи се зголемија над 40 проценти. Меѓутоа се направија анализи и се видоа условите на прехранбените капацитети. Со нив беше договорено да се намалат цените на електричната енергија, па затоа веќе овој месец може да се види по маркетите дека голем дел од цените на прехранбените производи се намалуваат. Кај некои намалувањето е за над 10 проценти. Млекото од 90 денари колку што чинеше во пикот, сега е околу 71 денар. Намалувањето се чувствува, пикот на инфлацијата беше во месец октомври и оттогаш имаме наламување, рече Николоски.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ ИМА ОСВЕЖУВАЊЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Почина оперската дива Милка Ефтимова

C +

Стејт департментот: Нема значителни промени во состојбата со човековите права во Северна Македонија

C +