26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: Владата оствари многу за само 12 месеци, а уставните измени се цел што мора заедно да ја оствариме

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за „360 степени“, говорејќи за уставните измени кажа дека прво мора да се напишат амандманите за потоа граѓаните да можат да се уверуват „за што се работи“.

-За тоа се потребни експерти да бидат ангажирани во текот на летниот период кој што ќе ги напишат амандманите во однос на вметнувањето на други граѓани кои што се самоопределуваат различно од оние кои што веќе се запишани во Уставот, Хрватите, Црногорците, Бугарите, меѓутоа исто така интерес изразија, и тоа е добро според мене и Евреите и Торбешите, еѓипќаните кои што се дел тука од нас. За мене најдобар е примерот со Хрватска, јас често разговарам со Г. Пленковиќ, Хрватска има 24 народи кои што се вклучени во хрватскиот устав и тоа го зголемува и богатството и силината на хрватското општеството, рече Ковачевски.

Тој додаде дека со оглед на тоа дека верува во остварување на целта, работи на остварување на одредена цел.

-Ако погледнете што се е направено во мандатот на оваа Влада во 12 месеци и во делот на економијата и справувањето со енергетската криза. Најголемиот пакет антикризни мерки оценет според Светска банка и почеток на преговори со Европската унија кои 17 години беа заглавени мислам дека ова е целта која што исто така заедно мораме да ја оствариме, рече Ковачевски.