10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Мицкоски за малку ќе почнеше да се натпреварува колку луѓе убил во воен конфликт

Премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во „360 степени“ повтори дека во земјата на политички план постојат два концепта.

-Едниот концепт е за европска Македонија, политички партии, организации, институции кои што се за европска Македонија и придвижување на нашата држава во семејството на европските држави. Затоа што нашите граѓани, сегашни, идни генерации заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, меѓутоа тука дома во нашата држава, а не во некоја земја во туѓина на ЕУ. Затоа што нашите граѓани заслужуваат да имаат европски пат, постојат низа објаснувања и низа на причини зоштои ни е потребно зачленувањето во ЕУ. И еве ќе ви дадам една споредба само, нашите граѓани веќе почнуваат да заминуваат на работа во Чешка, Словачка, Полска што не било замисливо порано, бидејќи ние сме имале повисок стандард од нив. Но, самото членство на овие држави во ЕУ го издигна животниот стандард на неколку ката повисоко во однос на тоа што го имале. Нашите граѓани заслужуваат, ние треба да носиме одлуки баш заради иднината на сегашните и идните генерации, кажа премиерот.

Ковачевски нагласи дека од другата страна има концепт кој што е за изолација, концепт кој го предводи политичката партија Левица.

– Тие со својата популистичка и потпалувачка реторика единствено нешто што прават е изолација на државата од европските текови, дури заговараат некоја евро-азиска унија за државата, а ВМРО – ДПМНЕ бидејќи нема став единствено се заложници на ставовите на Левица. Вчера ме зачуди изјавата на претседателот Мицкоски на ВМРО – ДПМНЕ, и тоа во делот каде што тој кажува како бил доброволец и победувал во војна што значи дека тој уште малку ќе почне да се натпреварува колку луѓе убил во некаков воен конфликт. Од друга страна СДСМ има предложено Албанец за потпретседател на Влада кој што е потпретседател на нашата политичка партија. Јас сметам дека на нашата држава и треба и во октомври го имам кажано, и треба окрупнување и здружување на сите прогресивни политички партии кои што се за пристапување на С. Македонија во ЕУ. Не можам да кажам дали сум против или за, бидејќи сепак тоа е одлука на тела на политичка партија и на СДСМ и на другите коалициони партнери и на ДУИ и секако предмет на оценка и анализа во однос на очекувањата, нагласи Ковачевски.

Спонзорирано: