25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Проценка за забрана за влез прави МВР, наше е мирно и достоинствено да го чествуваме 4-ти февруари

Врз основа на разговорите на Советот за безбедност, Министерството за внатрешни работи на седница на Влада беше задолжено да обезбеди мирно и достоинствено чествување на 4.февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, рече премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за „360 степени“.

– За тоа МВР во комуникација со безбедносните служби, пред се мислам на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, ќе ги спроведе сите потребни активности согласно законите кои што важат, согласно процедурите, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски потсети дека дефинирањето на влезот во државата на странски државјани се регулира согласно Законот за странци.

-Во него има член во кој е наведено дека на државјанин на друга држава кој сака да влезе во нашата држава, а доколку претставува закана по јавниот поредок, меѓународните односи, националната безбедност или по јавното здравје може да му се забрани влез во државата. Проценката за личностите, за тајмингот ја прави МВР врз основа на информации со кои располага и врз основа на информациите кои ги споделува со безбедносните служби. Тоа ќе биде одлука на МВР. Она што сакам јас да апелирам е да бидеме мирни, достоинствени и МВР ќе направи се да биде во најдобар ред одбележано раѓањето на великанот македонската национална борба Гоце Делчев, рече Ковачевски.