13.8 C
Скопје
30. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Доаѓа студ со температури под нула, ќе врне и снег – Синоптичарите излегоа со детална прогноза

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и студено, на места со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Потоа и во следните денови ќе се задржи студено време, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, а услови за повремен снег ќе има во вторник.

Прогноза за 30.01.2023
Минимална температура: -9°C до -2°C
Максимална температура: 1°C до 7°C

Утрото студено, преку денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 31.01.2023
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 0°C до 8°C

Утрото студено, преку денот променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 01.02.2023
Минимална температура: -7°C до -1°C
Максимална температура: 1°C до 9°C

Утрото студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.