Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Скопјанец со добро позната измама извлекол илјадници денари од граѓани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во периодот од 26.10.2022 до 13.11.2022, пријавениот телефонски остварил контакт со повеќе лица на кои лажно им се претставувал, при што договарал услуги за реновирање, резервации за ручек, за сместување или транспорт, а потоа ги наведувал оштетените лица да остварат средба и да исплатат парични средства на негови соработници во Тетово и Скопје.

На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист во износ од 137.100 денари.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК