Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Трагедија: Почина велосипедист кој вчера бил прегазен од автомобил

На 24.01.2023 во СВР Куманово било пријавено дека во 14.00 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(32) од Куманово, удрило во велосипед управуван од Ж.Ј.(70) од село Режановце, кумановско, по што го напуштило местото. Ж.Ј. бил пренесен во болницата Куманово, но поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 06.00 часот на 25.01.2023 починал.

По преземени мерки и активности, од полициски службеници од СВР Куманово бил пронајден возачот С.М. и во службен разговор во полициска станица го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Од шверц до естетски интервенции: под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

ДЕСК

ИЗМАМА ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Лажно нудела станови, земала пари како капар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО АКЦИЈА: Марихуана одземена во Кочани и Облешево

ДЕСК