Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претседавачoт со ОБСЕ, Османи на прва посета на теренската мисија во Скопје

Денеска (среда, 25.01.2023г) претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи ќе оствари своја прва посета на теренска мисија во својство на Претседавач, со посета на мисијата на ОБСЕ во Скопје при што ќе ги разгледа и разговара за Проектите кои мисијата на ОБСЕ ги имплементира во рамките на својот мандат.

Османи во Мисијата ќе има интерактивен разговор со членовите и Шефот на Мисијата, Амбасадорот, Килиан Вал.

Исто така, Османи ќе го посети полицискиот центар во Ѓорче Петров, и ќе разговара со корисници на обука во рамките на програми на Мисијата на ОБСЕ каде што заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе присуствува на показна вежба на припадници на Специјалната антитерористичка единица -Тигар и Единицата К9.

Во 11:25 часот, предвидено е Претседавачот со ОБСЕ, Османи да даде изјава за медиуми, заедно со министерот, Спасовски и Амбасадорот Вал.

Во текот на денот, на агенда на Претседавачот е посетата и на теренската канцеларија на ОБСЕ во Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК