Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Владата не дозволи граѓаните и компаниите сами да се справуваат со кризата

Владата не дозволи ниту еден граѓанин и ниту една компанија да се справува сама со предизвиците, кажа премиерот Димитар Ковачевски при посетата на компанијата „Метро“. Тој потсети дека изминатата годинa била полна предизвици, додавајќи дека економијата се уште не беше заздравена од пандемијата, а се случи уште една криза со цената на енергенсите. Според него, на кризи од вакви размери, секогаш се на удар најранливите.

-Со антикризни мерки, ги ублаживме последиците од економската и енергетската криза, помогнавме со цената на струјата и со цената на храната, ги помогнавме пензионерите, ранливите категории граѓани, училиштата, болниците и компаниите. Светот не само што се соочуваше со предизвици за енергенси туку се соочуваше и со предизвици за храна. За едно општество да функционира, два клучни сегмента се подеднакви важни, а тоа е енергијата и земјоделството. Земјоделството е стратешка гранка на економијата и затоа нам како Влада не само што ни е обврска да го помогнеме, туку овде очекувањата се уште поголеми за искористување на потенцијалите, развивање на производството, зголемување на извозот на храна, посебно во услови на криза кои што се поважни од било кога, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во водење држава не постои импровизација.

-Дали станува збор за владини стратегии, модел на субвенции, искористување на европски фондови овде не може да се импровизира, не можеме да се однесуваме неодговорно и без стратегија, овде мораме да бидеме неколку чекори напред, доколку им мислиме добро на граѓаните и доколку мислиме за целосен развој на државата, потенцира премиерот.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновска-Стојчевска од Стразбур: Пост-мониторингот заврши, но потребни се уште многу тешки реформи

ДЕСК

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК