5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: Европските пазари повеќе не се недостижни за македонските компании

„Јас сум човек кој сака да сведочи на успешни бизниси, стратегии, иновативност, посветена работа, да сведочи на напредок, на успешно менаџирање, развој на нови бизнис идеи“, рече премиерот Димитар Ковачевски при посетата на компанијата „Метро“.

-Денеска сум во посета на две компании кои се незаменливи во работата што ја извршуваат, тие успеале да ги искористат средствата преку ИПАРД Програма и да го развијат и унапредат својот бизнис. Компанијата „Метро“, која се занимава со трговија на големо и мало со производи од свежа и замрзната риба, како и купување, складирање и продажба за овошје и зеленчук изминативе 5 години значително работи на проширување на асортиманот и партнерската мрежа во околните држави со цел зголемување на извозот на нивните производи. За истиот овој период компанијата неколкукратно го зголемила извозот во регионот. Оваа семејна компанија денес има 77 вработени и нејзиниот раст и развој многу значи за економијата на нашата држава, рече Ковачевски.

Тој додаде дека ќе посети уште една компанија, како што вели, со визија како да искористи средствата од ИПАРД програмата.

-Компанијата „Фор Лејди“ која се занимава со производство на текстилни производи пред се на чорапи започнале проект за развој на иновација и трансформација на бизнис моделот од линеарен во циркуларен. Машините кои ги обезбедиле преку ИПАРД, го зголемиле капацитетот и квалитетот на нивното производство, имаат и дополнителен импакт во поризводствениот процес, односно ја исфрлаат употребата на пластика и користат енергетски ефикасни машини и заштедуваат енергија, истакна Ковачевски.

Премиерот уверува дека Владата прави сѐ за европските пазари повеќе да не се недостижни за нашите компании, па така, со мерките и стратегиите кои ги спроведува создава услови европските земји да се потенцијал за создавање нови партерства со компаниите од нашата земја.

-Така вложуваме во економски раст, така ја правиме конкурентна и работната сила од нашата земја. Тука во „Метро“ се инсталирани со ИПАРД програмата машини без кои не би можело да се замисли извозот на голем број прехранбени производи произведени во нашата држава меѓутоа и пакување и извоз на други производи кои се увезуваат во странство кои што тука се преработуваат, пакуваат и се извезуваат во околните и европските земји. На тој начин правиме младите кои работата во наште домашни компании, нивното знаење, креативност, стручност и експертиза да биде препознаено и ценето на меѓународните пазари, заклучи Ковачевски.