9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Влажен и снежен бран над Македонија: Некаде обилен дожд, некаде многу снег – Метеоцентар со детална прогноза

Под влијание влажен бран преку ноќта од запад ќе ќе се прошират врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни утре, како и во вторник претпладне (локално над 30 л/м2).

Врнежи од снег ќе има на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а од утре од крајот на денот повремен снег ќе има и на некои повисоки места особено на западот. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и постудено време со слаби локални врнежи од дожд и снег на планините, а особено во среда снег ќе има и на повисоките места.

Прогноза за 24.01.2023
Минимална температура: -1°C до 7°C
Максимална температура: 3°C до 9°C

Во западните делови променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови облачно со пообилни врнежи од дожд, на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Прогноза за 25.01.2023
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 1°C до 8°C

Претежно облачно. Во северните делови ќе има кратки сончеви периоди, а во крајните јужни подрачја послаби врнежи од дожд, на планините и на повисоките места претежно во западните делови од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 26.01.2023
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 0°C до 7°C

Променливо облачно со повремени слаби врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Спонзорирано: