19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Седница на Советот за безбедност

На 23 јануари 2023 година (понеделник) со почеток во 15:00 часот во Кабинетот на претседателот ќе се одржи 18-та седница на Советот за безбедност.

На дневен ред на редовната седница на Советот за безбедност ќе биде безбедносната состојба во Република Северна Македонија и евро-атлантскиот регион.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.