13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Серија апсења на повеќе локации низ Македонија

На 21.01.2023 во 02 часот во угостителски објект во населбата Илинден во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода П.Ѓ.(20) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден кокаин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.01.2023 во 22.30 часот во с.Кадино-скопско од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода З.Н.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.01.2023 во 22.10 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Ф.М.(26) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.01.2023 во 21.00 часот во близина на угостителски објект во Тетово полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода А.М.(25) од с.Мала Речица-тетовско, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.01.2023 во 22.45 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода А.Н.(31) од Штип со времен престој во Тетово која се барала со судска наредба за издржување на затворска казна. Таа била спроведена во КПУ Затвор Идризово-Скопје.

На 21.01.2023 од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола на ул. Филип Втори Македонски во Битола при извршен преглед на Т.Б.(27) од Битола е пронајдена марихуана .Т.Б. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Спонзорирано: